Ученици од Крџали направија филм за спасувањето на бугарските евреи
Ученици од Крџали направија филм за спасувањето на бугарските евреи и самите станаа актери во него. Филмот е базиран на пиесата на полскиот драматург Тадеуш Слободзјанек и открива како во еден мал град во Полска во 1941 година биле запалени над 100 Евреи. Филмот ќе биде претставен оваа недела на конференција за 80-годишнината од спасувањето на бугарските евреи, изјави Димитар Димов, раководител на школата по историја во средното училиште „Петко Р. Славејков“.
„Имаме еден вистински случај за кој полјаците долго време не зборувале, но овој полски автор почна да пребарува во архивата и во 2008 година излезе оваа негова пиеса посветена на тој настан. И де факто неговиот апел е дека лекциите од историјата мора да се научат“.
