Стумбов: РС Македонија не успеа да раскине со менталната матрица од времето на поранешна Југославија
„Македонија во 1991-92 не раскина со менталната матрица (од времето на бивша Југославија ) Сè уште живееме со оваа ментална состојба. Нешто не е во ред со нашата демократија. Тоа најдобро се гледа кај нас, македонските Бугари. Кога станува збор за вклучување на македонските Бугари во Уставот на Северна Македонија, веднаш се појавија старите противници на се што е бугарско во Македонија“, коментира за Бугарското национално радио Аргир Стумбов од Скопје.
„Наводно нешто се случува. Формирана е работна група за уставните измени, но гледаме дека се игра некаква нефер игра. Се прави обид да се создадат лажни бугарски здруженија со кои власта наводно ќе преговара за уставните измени. Не сме сигурни какви ќе бидат тие здруженија, какви ќе бидат овие македонски бугари што наводно ќе преговараат со владата, дали ќе бидат вистинските македонски бугари, вистинските претставници на бугарските здруженија во РСМ или некои лажни здруженија и личности“, забележува Стумбов. Тој смета дека целта е попрво да се создадат „послушници на власта“.
Аргир Стумбов изрази мислење дека „надлежните не сакаат луѓе како нас да учествуваат во оваа работна група“. Поголемиот дел од македонските Бугари се сметаат себе си за наследници на историското ВМРО, следбеници на ликовите и делата на Тодор Александров и Иван Михајлов, тоа од идеолошки аспект, се’ уште ѝ смета на власта во РС Македонија, додава Стумбов.
„Елитите, кои ги држат конците во свои раце, сè уште не дозволуваат вистински, посериозни промени, бидејќи имаат не само ментална врска, имаат и материјална врска. Можеме да ги споменеме деловните врски со северниот сосед на Република Северна Македонија. Овие врски сè уште играат сериозна улога. Скопје, за жал, не го избегна влијанието од северниот сосед“.
„Францускиот предлог“ сè уште е успех на бугарската дипломатија – тоа веќе не се само бугарски услови, туку и услови на Европската унија и Скопје мора да ги исполни. Времето ќе го направи своето. Старата генерација, воспитана во југословенскиот комунистички дух, полека ќе исчезне. Се надевам дека следната генерација што ќе дојде ќе ги промени тие работи“.
Целото интервју на Аргир Стумбов за Бугарското национално радио можете да го слушнете овде.
