МНР на Бугарија со реакција по денешниот инцидент со Ковачев и Врабевски: Прекинете со провокациите кон Бугарија и Бугарите
Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изразува силно разочарување од одлуката на властите во Република Северна Македонија да преземат активности за затемнување на свечената прослава на Ѓурѓовден на 6 мај, со тоа што одбија да им дозволат влез на нивна територија на бугарскиот член на Европскиот парламент и портпаролот на групата на Европската народна партија за проширување д-р Андреј Ковачев, претседателот на Фондацијата „Бугарска памет“ д-р Милен Врабевски и на уште тројца бугарски државјани. Ова се вели во реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи, откако денеска властите во РСМ не дозволија влез во земјата на европратеникот д-р Андреј Ковачев, д-р Милен Врабевски, претседател на Фондацијата „Бугарска памет“ и уште тројца бугарски државјани.
Настанот по повод празникот традиционално со години се организира во Ново Село, Струмица од страна на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат на Бугарија во Битола и Фондацијата „Бугарска памет“ преку свеченост во Бугарската воени гробишта со панихида.
За прва година, церемонијата вклучуваше заедничка богослужба меѓу двете православни цркви, на која присуствуваа претставници на воено-дипломатскиот кор во Северна Македонија, како и ученици од Бугарија. Бугарските воени гробишта во Ново Село се едно од 471 бугарски воени гробишта на територијата на Северна Македонија, кои беа обновени пред години токму со средства на Фондацијата „Бугарска памет“.
Причините за одбивањето, поточно издадената забрана за влез во Северна Македонија, предизвикуваат конфузија.
Во врска со денешниот невиден инцидент, Министерството за надворешни работи нагласува дека наводните напори за евроинтеграција на Северна Македонија бараат барем прекин на провокациите кон Бугарија, Бугарите и кон претставниците на европските институции. Бугарската страна ќе го покрене ова прашање официјално пред властите во Северна Македонија и пред нашите меѓународни партнери, бидејќи настаните од слична природа имаат негативно влијание врз добрососедските односи и напорите на бугарската страна насочени кон враќање на довербата и создавање позитивна клима за развој на билатералните односи, стои во реакцијата на бугарското МНР.

