ЗАЕВ: ИВАНОВ И МИЦКОСКИ СЕ КРСТЕА ВО РЕФЕРЕНДУМОТ, А СЕГА НЕ НАЈДОА СИЛИ ДА ГО ПОВИКААТ НАРОДОТ ДА ГО КАЖЕ СВОЈОТ СТАВ
„За жал лидерот на опозицијата и претседателот на државата Иванов не можат да ја надминат својата политичка немоќ“- изјави премиерот Заев во отвореното студио 1 на 1Тв. Според Заев во сегашните околности е несериозно да се испраќаат пораки како оние што ги изнесоа Мицкоски и Иванов. Премиерот потсети дека ВМРО-ДПМНЕ и Иванов повеќе од деценија се крстеле во референдумот, а сега не успеале да најдат сили да го повикат народот да излезе и да го каже својот став. Заев потсети дека за Македонија нема друга алтернатива освен влезот во Европската Унија и НАТО и дека тоа нема да стане реалност без решение на проблемот со Грција.
