БУЈАР ОСМАНИ : БОЈКОТОТ ЗНАЧИ СОГЛАСУВАЊЕ СО РЕФЕРЕНДУМОТ
Бујар Османи, вицепремиерот на Владата на РМ и преговарач за влез во Европската унија, во вестите на „Алсат“ истакна дека договорот од Преспа со Атина ќе се смета дека е прифатен доколку нема цензус на референдумот распишан на 30 септември.
– Недоволниот одзив на граѓаните, за да го направат процесот успешен значи над 50 отсто, претпоставува дека тие, граѓаните му дават мандат за Парламентот да одлучи сам. Тоа е пораката од неизлегувањето на референдумот. Втората порака е тоа дека договорот кој е ратификуван во Собрание останува на сила. Така што на некаков начин неизлегувањето е и поддршка. Затоа мислам дека во која било верзија ќе биде важно каков ќе биде гласот на граѓанинот. Не, техничко-логистичко прашање, туку всушност дали мнозинството ќе биде „за“ или „против“. Јас сум уверен дека апсолутното мнозинство на граѓаните на Македонија се за оваа историска шанса за Македонија, вели Османи.
