СДСМ : ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА Е ФЕР ШАНСА И ВЛОГ ВО МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА

//

Постигнатиот конечен Договор за спорот со Грција е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија. Договорот е влог во македонската иднина, со кој го расчистуваме патот на нашата земја за влез во НАТО и за почеток на преговори за ЕУ. Договорот е пример за решавање отворено прашање со соседите, во согласност со националните и државните интереси.

Со Договорот се зајакнува и гарантира нашиот, македонски идентитет. Македонската националност, македонското државјанство, македонскиот јазик и македонската култура се загарантрани еднаш засекогаш и никогаш повеќе нема да бидат негирани или оспорувани.

Договорот со Грција става крај на 25 годишен спор и ја елиминира последната пречка за целосна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. По години изолација, Македонија повторно е на патот кон членство во ЕУ и НАТО. Обезбедена е поканата за членство во НАТО и дефиниран е датум за почеток на проговори за полноправно членство во ЕУ. Тоа е остварување на врвните стратешки интереси, поставени уште од денот на осамостојувањето.

Со поддршка на Договорот, граѓаните на референдум ќе ја обезбедат европската иднина на Македонија како полноправна членка на ЕУ и НАТО, онаму кадешто вредносно и цивилизациски припаѓа.

Граѓаните јасно ја разбираат историската важност на Договорот и затоа на 30 септември, масовно, одлучно и достоинствено ќе кажат ДА за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција.



Граѓаните се определени за подобар живот, за економски напредок, за интеграција. Граѓаните слободно, храбро и одлучно ќе кажат ДА за македонската иднина.

 



Претходна статија

БУЈАР ОСМАНИ : БОЈКОТОТ ЗНАЧИ СОГЛАСУВАЊЕ СО РЕФЕРЕНДУМОТ

Следна статија

ВИДЕО: Д-Р МИЛАН ПРОТИЌ: ШТО СМЕ НИЕ СРБИТЕ ХРИСТИЈАНИ ШТО ПРОСТУВААТ ИЛИ ДИВЈАЦИ КОИ СЕ ОСВЕТУВААТ?!

Најново од Вести