(ВИДЕО) ЗОШТО ОВИЕ ЛУЃЕ ПЛАЌААТ ДАНОЦИ, КОГА МОРААТ САМИ ДА СИ ГО САНИРААТ ПАТОТ?

/

Жителите од Горни, Долни Подлог и Мојанци одлучија јавно да се жалат. Нивни главен проблем веќе шест месеци им е патот до Кочани кој наместо да им реши , им донесе уште поголем проблеми откако надлежните одлучија да го рехабилитираат.
„Голем проблем е патот од овде поминуваат голем број на жители. Овој проблем е повеќе од шест месеци и сеуште чекаме да се реши да се асфалтира веќе колите ги испокршивме изјави анкетиран жител на с.Подлог
“Патот е многу лош и треба да се среде во наскоро време вака неможеме повеќе изјави анкетиран жител на с. Мојанци
Овој пат во должина од 2 километри е многу важен за сите 1.500 жители од овие три села бидејки води до клучни дестинации.
„Ги искршивме и колите не исплатливо ни е да вртиме од друг пат до Кочани бидејќи ни е далеку и големи трошоци имаме а плус ги искршивме колите“ изјави анкетиран граѓанин
Пред поплаката на овој начин да стигне до јавноста и тие што треба, граганите од овие три села биле трпеливи и чекале доволно долго за да речат Доста беше малтретирање. А зошто тие досега проблемот не го решиле?
„Реакцијата е оправдана бидејќи еден од изведувачите не успеа да го заврши колекторскиот дел бидејќи реконструкцијата нема да има смисла. Се надеваме по разговорите кои ги имав дека од четврток ќе се започне таму со работа“ изјави Николчо Илијев-градоначалник на о.Кочани
Чекајќи на реакција на надлежните, дел од овдешните жители, почнаа патот да го санираат сами:

„Имав работа дома но ова ми е приоритет. Јас има автомобил и морам секоја дупка да ја избегнувам . Еве со кофа и песок ги санирамголемите дупки колку што можам, да не биде лош патот. Санирав околу 20 метри досега и ќе продолжам и утре.
Во оваа прилика со глобалниот Корона проблем, овдешните грагани повторно покажуваат разбирање, но неговата евентуална злоупотреба наскоро може да се претвори во друго.
„Народот ќе реагира ќе протестира друг начин нема“, велат мештаните.



Претходна статија

КОНТЕЈНЕРИТЕ ПРЕПОЛНИ, ОД МИОА ВЕЛАТ ДЕКА НЕ СЕ НАДЛЕЖНИ ЗА ДОЗВОЛИ ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ЈП „КОМУНАЛЕЦ“

Следна статија

УАПСЕН ДИРЕКТОРОТ НА ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО НИШ, КАДЕ ШТО СЕ ЗАРАЗИЈА 135 КОРИСНИЦИ И ВРАБОТЕНИ

Најново од Вести