ЈА САКАМ STOPKORONA ВО ПОШТЕНСКОТО САНДАЧЕ
На ова дереџе сме.
Што ќе ни е да имаме апликација за да знаеме кој со кого дошол во допир, кога секој со секого е во допир, принудно, заради истите мерки кои не само што ги туткаат најризичните категории на луѓе во исти затворени простории во период од два часа, и тоа пред и по викенд со зголемен интензитет, туку и нас останатите не ни даваат многу избор кога и каде ќе вршиме секојдневни работи и обврски, ќе плаќаме сметки, ќе пазаруваме…
Која фарса е сето ова, со сите набожемни мерки, неразумни ограничувања, со тој нефер и нечовечен однос кон децата и старите за сметка на милениците, со систематско уништување на онаа и онака слаба економија што ја имавме… Не ме сфаќајте погрешно, не е фарса вирусот и опасноста од него по одредени луѓе, фарса е многу од она што се случува по тој повод.
Останува да внимаваме на себе и на ближните, и да се грижиме едни за други. Инаку, до кога и до каде ќе тераме вака, останува да видиме…

