|

ЗА ИМУНИТЕТОТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Пандемијата на коронавирусот покажува дека многу либерлни луѓе се спремни, барем привремено, да се откажат од своите демократски принципи само за да се справиме со злото. Исто како после терористичкиот напад од 9/11 кога повеќето Американци ги прифатија без противење проширените безбедносни мерки и тајното следење како и други форми на ограничување на човековите слободи.

Добро, куќата ни е во пламен и се очекува сите да придонесеме да се изгасни огнот на коронавирусот. Меѓутоа, идејата дека ништо друго не е важно, е плитко размислување. Треба секогаш да мислиме и за имунитетот и на демократијата. Во каква состојба ќе биде демократијата во светот кога ќе заврши пандемијата?

Артур Росенберг, германски марксистички историчар, во 1932 година го пишува својот влијателен политички есеј „Фашизмот како масовно движење“. Розенберг корените на фашизмот ги наоѓа во реакционерните масовни движења од деветнаесеттиот век. Овие движења пропагирале ултрапатриотски национализам, расизам и омраза кон левицата и кон демократијата. Значи, иновацијата која ја вметнуваат фашистите од Италија и од Германија во формулата на нивното владеење не е толку во идеологијата која е само имитација на раните традиции на конзервативната и радикална европска десница, туку на употребата на вооружени банди во борба против левицата и демократијата. Оттаму и денешната грижа да не се запостави овој опасен политички вирус на фашизмот и, преку пасивизација на општеството, да не му се создадат услови да прерасне во епидемија.

Целата колумна прочитајте ја овде.

Автор: Денко Малески

Слични Објави