|

УАПСЕН ДИРЕКТОРОТ НА ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО НИШ, КАДЕ ШТО СЕ ЗАРАЗИЈА 135 КОРИСНИЦИ И ВРАБОТЕНИ

Припадниците на српското Министерството за внатрешни работи во Ниш, во соработка со разузнавачката Безбедоносно-информативната агенцијата (БИА) и Вишото јавно обвинителство во овој град, го уапсиле М.С. (47) од Ниш, под сомнение дека сторил кривично дело против здравјето на луѓето во врска со кривичното дело пренесување на заразна болест, јавува Лидер.

М.С. се сомничи дека како овластено лице на Центарот за геронтологија во Ниш не ги презел сите неопходни мерки и активности за да го спречи ширењето на заразната болест Ковид-19, што резултирало со зараза во оваа установа на 135 корисници на услуги и на четворица вработени, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа и тој со кривична пријава ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Ниш.

Слични Објави