(Видео) Бугарија му оддаде почит на големиот бугарски револуционер Христо Ботев и на сите загинати за слободата и обединувањето на земјата
Во бугарскиот град Враца се одржа свечено одбележување во почит на големиот бугарски поет и револуционер Христо Ботев и загинатите за слободата на Бугарија.
„Утре 2 јуни во 12 часот, како и секоја година од мигот во којшто сме родени траорните сирени ќе завијат во нашите градови и населени места и ќе разбудат трепет во нашите срца. Зборовите и делата на Христо Ботев не се просто запишани во херојските моменти на неговата биографија. Тие се запишани и во неговите стихови, неговата публицистика и се дел од културата на современа Европа. Тоа е нашата гордост, тоа е нашата утеха, и тоа е лекцијата што треба да ја предадеме на нашите деца, да помниме и да бидеме достојни за делата на Ботев и хероите кои не тераат да се чувствуваме горди“, изјави во својот говор претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјасков, кој се обрати кон присутните граѓани дојдени да ја изразат својата почит кон подвигот на Христо Ботев.
На свеченото одбележување беа присутни голем број бугарски пратеници и министри а исто така и воени и црковни лица. Нараторот на настанот во своето излагање ги спомна сите загинати за слободата и обединувањето на Р. Бугарија во Априлското востание, Руско-турската ослободителна војна, Српско-бугарската војна, Илинденското востание и војните за Национално обединување.

