|

Украински генерал објави видео од борби во шума: „Напредуваме кај Бахмут“

Украинскиот генерал и командант на копнената армија на Украина, Олександр Сирски, на својот канал Телеграм објави видео создадено со камера на униформа.

Сирски тврди дека снимката е направена во шумата околу окупираниот украински град Бахмут, кој руските сили и платениците на приватната воена компанија Вагнер неодамна го ставија под целосна контрола.

„Одбранбените сили продолжуваат да напредуваат на периферијата на градот, а непријателот ги губи позициите кај Бахмут“, објави Сирски, чии тврдења не се независно проверени.



Слични Објави