| |

АХМЕТИ: ЗА МАКЕДОНИЈА СОНЦЕТО СЕ РАЃА НА ЗАПАД

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети го поздрави потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и го поздрави НАТО за залагањето за прекин на вооружениот конфликт од 2001 г. Ахмети на панелот за годишнината од потпишувањето на договорот изјави дека патот во тоа време бил многу тежок, и имало многу противници на тоа Македонија да стане нормална земја за живеење. Ахмети подвлече дека во денешно време успехот на референдумот за договорот со Грција е во интерес на целата земја и сите граѓани. Според лидерот на ДУИ, референдумот треба да успее бидејќи Македонија бара да стане дел од Европската Унија и НАТО. Ахмети истакна дека секој граѓанин ќе биде информиран за референдумот, бидејќи во моментот Македонија се наоѓа пред важна одлука. Влезот на Македонија во НАТО и ЕУ ќе донесе стабилност во целиот регион, а исто така и Европа ќе стане постабилна-изјави Ахмети. Тој подвлече дека за Македонија сонцето се раѓа на запад.

Слични Објави