КОНЦЕРТ НА ФОЛТИН ВО ПРИЛЕП ПОСВЕТЕН НА ПРИЛЕПСКО-БИТОЛСКАТА ЉУБОВ
Иницијативата „Јавен простор“ не престанува да ги радува прилепчани. Овој пат изнадувањето е концертот на групата „ФОЛТИН“ и тоа на интерсна локација. Од „Фолтин“ велат дека концертот го посветуваат на старата прилепско-битолска љубов и е наменет за вистинските фанови на групата.
Почетокот на концертот е закажан во 20 часот, а ќе се одржи во задниот дел, во дворот на театарот “„Војдан Чернодрински” во Прилеп.
Следениот настан на „Јавен простор“ е на старата локација под Градскиот саат, каде прилепчани во недела ќе можат да уживаат во латино звуци на отворено.

