|

Денеска се навршуваат 60 години од катастрофалниот скопски земјотрес

Скопје денеска одбележува 60 години од земјотресот кој го разори градот.

Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца.

Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Скопје стана град на меѓународна солидарност.

Во земјотресот животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени околу 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата.

Скопскиот земјотрес се почувствувал на површина од преку 50.000 километри квадратни, а се смета дека неговиот епицентар бил кај населбата Злокуќани.

Поради неговата јачина во Скопје до темел биле урнати 15.800 станови, двојно повеќе биле оштетени, а повеќе од 200.000 луѓе останале без покрив над главата.

Исчезнале симболите на Скопје – Стариот театар, Домот на армијата, зградата на Народна банка, хотелот „Македонија“ бил срамнет со земја, урнат бил и поголемиот дел од железничката станица подигната во 1938 година, која во тоа време важела за најмодерна на Балканот.

Слични Објави