|

Вториот дел од изложбата „Дипломатија и уметност“ може да се види и онлајн

Вториот дел од изложбата Дипломатија и уметност може да се види и онлајн. Ова го соопшти Државниот институт за култура на МНР на Бугариja на својата Фејсбук страница.

„Сега можете да ги прегледате онлајн уметничките дела кои беа претставени во неколку балкански метрополи и градови во периодот 2021-2023 година: Цетиње (Црна Гора), Сараево (Босна и Херцеговина) а до крајот на овој месец, изложбата може да се посети во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје (Република Северна Македонија)“, наведуваат од Институтот.

Во изложбата „Дипломатија и уметност“, втор дел, се претставени 22 дела од фондот на Министерството за надворешни работи на Бугарија, создадени од бугарски уметници во периодот 1920-2020 година.

„Од мајстори на икони до современи уметници, изложбата го открива талентот и креативноста на бугарските уметници и не потсетува дека уметноста ја промовира дипломатијата и создава врски меѓу културите“, се наведува, исто така, во публикацијата.

Изложбата може да се погледне онлајн овде.

Уживајте во уметноста и историјата рефлектирани во секое платно“, додаваат од Државниот институт за култура.

Слични Објави