Второ место за Бугарија на Европското првенство во кик бокс
Бугарските кикбоксери до 19 години освоија 30 шампионски титули на Европското првенство во Истанбул, јавува БГНЕС.
Бугарија за прв пат во историјата, го освои второто место во вкупниот пласман на медалите освоени на Европско првенство за кадети до 19 години. Натпреварувањето што се одржа во Истанбул заврши вчера.
На шампионатот на стариот континент бугарските кикбоксери освоија вкупно 89 медали, од кои 30 златни, 23 сребрени и 36 бронзени.
Бугарија е втора во Европа по лидерот Велика Британија со 48 златни, 27 сребрени и 22 бронзени. Бугарските репрезентативци Христина Андонова, Ивана Иванова, Алисија Сусанина, Анелија Тодорова и Виктор Грозданов успешно ги одбранија европските титули од 2021 година.
Меѓународната кик бокс федерација „ВАКО“ ги награди Бугарките Венета Георгиева и Ана Минкова за најдобри судии на ЕП во Турција. На првенството во Истанбул учествуваа 1.640 натпреварувачи од 38 земји. Бугарија беше претставена со 97 кик-боксери.

