ИЗЛОЖБА НА НОВИЦА ТРАЈКОВСКИ ВО СТРУМИЦА

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица во петок (24 август) со почеток во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Новица Трајковски, насловена како „Убавините на Македонија“ …

Трајковски во 2008 година бил учесник на Струмичката ликовна колонија, а реализирал и други домашни и меѓународни ликовни претставувања.

Роден е во Скопје во 1962 година, а во 1988 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов.

Слични Објави