| |

Бугарската пратеничка Елисавета Белобрадова ќе присуствува на судското рочиште за случајот на Ива Михаилова во Кочани

Пратеничката во бугарскиот парламент Елисавета Белобрадова ќе присуствува на судското рочиште за случајот на Ива Михаилова, што треба да се одржи на 31 август (понеделник) во Кочани. Ова го соопшти самата Белобрадова преку објава во социјалната мрежа Facebook.

“Во врска со претстојното судење против бугарската државјанка Ива Михаилова, ќе бидам во Кочани, Република Северна Македонија, за да присуствувам на судскиот процес.

Патувањето е поврзано и со вонредната седница на Комисијата за политиките за Бугарите надвор од земјата, која ја одржавме со мајката на Ива – Христина Михаилова, како и со претставници на Министерството за надворешни работи.

Особено загрижувачка е здравствената состојба на Ива. Потребното лекување не може да ѝ биде обезбедено во Република Северна Македонија, а нејзината состојба носи реален ризик од тешки и трајни последици врз здравјето. Истовремено, може да се најде решение со кое таа би била оперирана во Бугарија, а потоа би го продолжила своето учество во судскиот процес.

Информациите што ги добиваме за самото судење, исто така, предизвикуваат сериозна загриженост. Ива има право на правично судење и за нас е важно да следиме дали нејзините права се почитуваат и дали фактот што е бугарска државјанка влијае врз односот кон неа.

Токму поради тоа ќе бидам во Кочани – лично да го следам судскиот процес, почитувањето на правата на Ива Михаилова и прашањето за можноста таа да го добие потребното лекување во Бугарија“, стои во објавата на пратеничката од редовите на Демократска Бугарија Елисавета Белобрадова.



Слични Објави