Како се поставувани основите на она, што денес се нарекува „мултиперспективно“ гледање на историјата!
Пишува: Зоранчо Маринков
Станува збор за статијата “Школе у Скопљу” од Милојко Веселиновиќ, објавена во списанието “Браство” во 1896 год. Тоа списание е официјален орган на великосрпското друштво “Св.Сава” од Белград.
Инаку Милојко Веселиновиќ е автор на првиот Македонски буквар и првата Македонска читанка. Тој бил член на главниот одбор на друштвото “Св.Сава” од Белград, управител на Светосавската вечерна школа, а подоцна и српски конзул во Битола и Скопје.
Во оваа статија ги среќаваме добро познатите тези, дека бугарските училишта во Скопје всушност не биле навистина бугарски, туку биле на бугарската пропаганда. Исто така, тука е и тезата дека уште во 1860 год., односно 10 години пред создавањето на Бугарскката Екзархија и 18 години пред формирањето на држава Бугарија, бугарската пропаганда започнала да го бугаризира населението во Скопје преку печатење на учебници.
Милојко Веселиновиќ пишува дека во 1896 год. во Скопје имало 10 турски и српски училишта, како и по едно еврејско, грчко и католички училиште. Турските училишта биле составени од 10 мали училишта при џамиите и уште 4 државни училишта. Вкупно во турските училишта учеле 800 ученици. Српски училишта имало три, а од 1894 год. започнал и I клас на гимназија. Вкупно во српските училишта учеле 191 ученици. Еврејското училиште имало 80, грчкото 30 ученици, а католичкото вкупно 22 ученици.
На крајот, Милојко Веселиновиќ соопштува дека во Скопје имало и училишта на бугарската пропаганда. Во нив учеле српски деца, чиишто родители пред 30 години биле изманени да ги дадат нивните потписи за да имаат Бугарски владика, што ќе читал на словенски јазик во црквите. Па така, според овој “светосавски гениј”, лукавите Бугари му ги наметнале на Србите и нивните училишта. Веселинович пишува дека такви бугарски училишта сега во Скопје има: 5 основни, една нижа гимназија и една више женско училиште, без да споменува колку ученици учат во нив.
Милојко Веселиновиќ знае дека мора да даде објаснување на читателите, од каде толку многу бугарски училишта во Скопје, кога било познато дека во Скопје и неговата околина живее српски народ. И тој почнува да објаснува како Бугарите од средината на XIX век почнуваат да работат побугарување на српскиот народ во Стара Србија и Македонија.
Виновни биле патријарсите от Печката патријаршија, кои ја напуштиле нивната територија, а и српското востание во Шумадија придонело за тоа. Србите биле херои што се постојано се бореле против Турците, и затоа овие ги мразеле и не сакале да се спомени српското име.
За разлика од Србите, Бугарите биле вистински јагниња – мирна раја, уште кога им се предале на Турците пред 500 години. Бугарите и сега во соодветни околности им кажувале на Турците дека им се сонародници, од иста татарска гранка, дека ги поврзуваат и зближуваат и други општествени и политички прилики.
Турците сакале да слушаат ако некој христијанин им се претставел како “Болгар” или “Бугарин”. Тие ниту не паметеле кога последен пат војувале против Бугарите, и се изразувале поблаго за Бугарите, а секој Србин за Турците бил каур и крв во очите.
Во тие околности Бугарите почнале да шират бугарштина и го побуниле народот во Македонија против грчките владици, да бара словенски владиици и словенско читање во црквите. Откако добиле потписи од народот за тоа, Бугарите почнале да го нарекуваат народот Бугари.
Доколку некој се охрабрел да се спротивстави да го нарекуваа Бугарин, бугарските агенти и платеници го заплашувале со зборовите: “А ти си значи Србин! Срби овде нема, туку во Србија! Овде се сите Бугари, а кој е Србин, тој носи пушка да убива Турци!
Ако пак ни така не успевале, да го уплашат народот, Бугарите преминувале на ново лукавство, со слатки зборови и ветувања: “Сите ние браќа сме Срби, но Турците еве ги мразат Србите, и не сакаат да слушнат за српското име, па затоа сега да се наречеме Бугари, само да ги избркаме грчките владици, па повторно ќе бидеме Срби”. На овој начин бугарските платеници го заплашувале народот и го предавале на Турците, па затоа народот ќутел и се препуштил на судбината, додека не го огреало српското сонце.
Веселиновиќ натаму пишува дека бугарската пропаганда започнала со својата дејност точно од 1860 година, кога започнала да печати учебници печати во Цариград и во другите места. Од почеток за српските краишта, бугарската пропаганда печатела учебници под името “Баштин јазик”, за да не се споменело веднаш бугарски, туку мајчин јазик.
Тоа биле само едни од начините на коишто лукавите Бугари се обидувале да ги излажат и да ги побугарат Србите во старата српска држава.
Од статијата “Стојан Новаковиќ и македонизмот” објавена во списание “Историски часопис”, Белград 1965 год. од Климент Џамбазовски од Охрид, како и од документите презентирани од него во документалната поредица “Граѓа за историјата на Македонскиот народ од архивот на Србија”, дознаваме дека за потребите на српската пропаганда во Македонија, Милојко Веселиновиќ заедно со Наум Евровиќ и Коста Групчевиќ и Деспот Баџовиќ се ангажирани да напишат еден Македонски буквар.
Заедничка карактеристика на букварот на Деспот Баџовиќ и на “Македонскиот Буквар” на Наум Евровиќ и Коста Групчевиќ е тоа што и двата буквари биле напишани на македонското брсјачко-мијачко наречје. Министерството за образование на Србија од трите предложени буквари, за печатење го избрало букварот на Милојко Веселиновиќ, наречен “Буквар за народне школе” кој што бил напишан на овчеполско-струмичко наречје. Првото издание било готово на 18 мај 1889 г. со вкупно отпечатени 7.000 примероци од букварот.
На почетокот на 1891 год. Стојан Новаковиќ доставил барање до министерството за надворешни работи на Србија за печатење на второ издание од букварот, бидејќи првите 7.000 примероци веќе биле распределени. Така на крајот на февруари 1891 год. започнало печатењето на уште 10.000 примероци од букварот.
Нареден учебник, којшто излегол на македонски јазик била “Македонска читанка” од истиот автор како и на Македонскиот буквар – Милојко Веселиновиќ. Тој се зафатил со подготовка на читанката веднаш после печатењето на букварот, и до јули 1889 год. се било спремно за печатење на Македонската читанка. Биле отпечатени вкупно 6.000 примероци и читанката била дистрибуирана во училиштата во Македонија за учебната година 1889/90.
Овие податоци се исто така од веќе посочената книга на Климент Џамбазовски.













