| |

Пожарникар што гаснел пожари во РС Македонија спасил две новороденчиња од пожар во стамбена зграда во Благоевград

Пожарникарот од Благоевград Давид Галабов кој учествувал во гасењето на големите пожари во РС Македонија што ја зафатија нашата земја пред 4 години, спасил две бебиња близнаци од пожар во станбена зграда во населбата Струмско во Благоевград.

Тимот на против-пожарната единица во Благоевград спасил 27 луѓе во големиот пожар што избувнал во станбена зграда пред три дена.

„Сакам да го изразам моето сочувство кон блиските на загинатите. За нив и за нас тоа е голем шок. Ситуацијата беше исклучително тешка. Наш приоритет беше евакуацијата и спасувањето на луѓето“, вели Галабов.
Тој и неговите колеги со ризик за сопствениот живот стигнале до местото каде што се наоѓале бебињата, бидејќи ако задоцнеле уште неколку минути, тие немало да останат живи.

Дел од пожарникарите што спасиле 27 луѓе од пожарот во стамбената зграда во Благоевград- Давид Галабов, Генади Мирчев, Ангел Величков и Костадин Емезов

„Ситуацијата беше многу опасна, но немавме друг избор. Ги намокривме пелените на бебињата со вода и им дававме од нашиот кислород. Ги изнесов на раце по скалите еден спрат надолу и ги подадов на колегата со механичката скала. Потоа ги спасивме мајката и бабата“, додава Галабов.

Пожарникарот Давид Галабов бил награден во кампањата на весникот 24 часа „Достојните Бугари“, поради неговото учество во гасењето на големите пожари што ја зафатија нашата земја пред 4 години.



Слични Објави