САШКО НИКОЛОВ ОД ДЕНЕСКА И ОФИЦИЈАЛНО Е НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШТИП

Новиот градоначалник на Општина Штип, Сашко Николов денеска го доби уверението од членовите на Општинската изборна комисија. На предвремените избори за градоначалник на Штип, што се одржаа на 13 декември, за Николов гласаа 11.477 граѓани и тој беше избран во првиот круг. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на доделувањето на уверението.

loading...

– Сакам да се заблагодарам на сите мои сограѓани кои на 13 декември го дадоа својот глас. Ветувам дека ќе продолжиме да работиме за интересот на граѓаните и Општина Штип ќе се движи по вистинскиот пат, ќе работиме на реализација на ветените проекти во мојата изборна програма, рече Николов.



loading...

Тој истакна дека првото нешто што ќе го направи е создавање на фонд за обезбедување на маски за секој граѓанин на општината, а утре го има првиот работен ден со раководителите и директорите на институциите, кои се под ингеренции на локалната власт. Николов наследува финансиски стабилна општина, засега не најавува смена на директори или раководители, но како што вели им дава рок од два месеца да се прилагодат на неговото темпо на работа.