6 РАБОТИ КОИ ЖЕНИТЕ ПОВЕЌЕ ТРЕБА ДА ГИ ВРЕДНУВААТ КАЈ МАЖИТЕ

Истакнато Љубовни приказни Магазин

Она што се случува во машката глава понекогаш е мистерија за жените. Дамите понекогаш мораат да ги „читаат“  мислите на господата и да препознаат што стои зад нивните постапки.  Д-р Сеиди Алисон, американски психолог и специјалист за врски, тврди дека мажите сакаат нивните позитивни квалитети да бидат ценети и препознаени од страна на жените. Кои се работите кои жените треба повеќе да ги вреднуваат кај мажите прочитајте во следните редови:

Дека тие се стабилни
Во многу парови, особено кај оние што имаат деца, мажите сакаат да им биде признато за нивната стабилност како партнер и како воспитувач на децата. Грижењето за своето семејство, преземањето на одговорност и нивното стабилно однесување, одбегнувањето на ергенските вечери, се важни фактори во нивните очи за кои би се радувале да добијат признание. Значи, дами не е страшно ако понекогаш им кажете едно благодарам на вашите партнери. Внимателното и одговорно однесување не е поведение за сите мажи, па затоа е добро да го цените тоа ако е присутно.

Нивната способност да најдат брзо решение
Постојат работи кои не можат да се негираат во споредувањето на мажите и жените, а тоа е способноста на господата да најдат брзо решение за одреден проблем. Често мажите се справуваат со проблемите подобро од дамите, бидејќи се фокусираат само на водечкиот проблем без да размислуваат за какви било други можни компликации – нешто што е својствено за жените.

Професионална етика
Тешко е да го прифатите доцнењето на партнерот после работа, како и тоа дека е единствениот вработен во фирмата на кого се доделуваат одговорни задачи, што пак понекогаш пречи во извршувањето на семејните обврски, но важно е да ги оценувате квалитетите на вашиот партнер. Се разбира, тајната на семејната среќа е во хармонијата и не е пријатно работата да зазема голема надмоќ над заедничката интима, но во потрага на рамнотежата, не заборавајте да го пофалите за професионалната етика и работниот однос, бидејќи тоа навистина е важно за него.

Драмата не е својствена за нив
Жените се познати по создавањето на секакви драми околу секој нов, дури и мал, проблем. Кај мажите тоа е отсутно.  Ова е квалитет што треба да се цени и да се препознае.

Нивниот ентузијазам за секс
За повеќето мажи, сексот е само забавен начин за да се помине времето. Но, тој е и нивен најчест израз на чувствата – преку него ја покажуваат својата љубов и се чувствуваат сакани. Почитувајте ги нивните чувства.

Малите работи што ги прават
Многу мажи не ја покажуваат љубовта кон своите жени преку големи гестови и романтични изненадувања, но тоа не значи дека не ги сакаат своите партнерки. Напротив, нивната љубов може да се види во малите работи што ги прават за нив. На пример тоа дека тој мисли како да се поправи нешто во колата на својата партнерка што таа дури и не забележала дека има нешто проблематично.