|

Одбележуваме 151 година од раѓањето на војводата на ВМОРО Михаил Чаков

На 16-ти март 1873 г. во Гуменџе е роден војводата на ВМОРО МИХАИЛ ЧАКОВ. Завршил Бугарска машка гимназија во Солун, а потоа станува учител. Бил привлечен во организацијата од Даме Груев и Пере Тошев и станал четник кај Михаил Апостолов – Попето. Потоа бил реонски и околиски војвода во Петричко, Драмско, Кумановско, Велешко и Серско. Во 1906 г. учествува во борбата кај Баница, во која што загинва Гоце Делчев. За време на Илинденско-Преображенското востание заедно со четите на Јане Сандански водат тешки битки со турскиот аскер. М. Чаков се враќа во селото Баница заедно со Таската Серски, каде што ги ископуваат коските на Гоце Делчев и ги скриват под светиот престол на црквата. Покасно учествувал и во битката на Ножот. По Младотурската револуција е уапсен и е затворен во Солун. За време на Балканската војна е војвода на чета на Македоно-одринското ополчение во Бугарската војска. Учествува во ослободувањето на Разлог, Банско, Драма, Неврокоп и Кавала. Учесник е и во Првата светска војна како офицер на Бугарската армија, после војната е член на „Илинденската организација” и ги запазува коските на Гоце Делчев во сандаче во својот дом до 1923 г. Умира во Софија, 1938 г.

“На 20-ти април 1903 г. мојата чета и таа на Гоштанов, сите 14 души заминавме за с. Баница да го пречекаме Делчев, кој пристигаше од Солун, за жал, на местото на смртта. Штом се сместивме во определената куќа, влезе Гоце, не’ поздрави со добре дојдовте и продолжи: „Ги разигравме широките шалвари на солунските анами; така ќе ја раздрмаме од основи гнилата Отоманска империја” и затоа што меѓу нас се наоѓаа неколку надворешни лица, тој отсече: „Подробностите ќе ви ги разкажам друг ден, на Ѓурѓовден во Ловчанската корија”. Тој не го дочека тоа. Смртта веќе дебнеше по неговите стапки. Предавничка рака го изврши своето. Црни облаци се виеја над Баница и предвестуваа бура. Со пукањето на зората, на другиот ден, 21-ви април, извиканиот од Серес аскер го обградил од секаде селото и почна разврската на трагедијата, најголемата, можеби, која ја преживеало Бугарското племе во Македонија.

До вечерта Гоце беше труп. До него лежеше Гоштанов, – една високоинтелигентна и идеална душа, а со нив заедно уште 5 души од нашите другари. Останатите 8 души успеавме да се промакнеме низ турските вериги и скриени во еден лескарник на 25 минути од селото Баница, ги набљудувавме преку целиот ден на 22-ри април неизгаснатите пожари на Баница.

На 23-ти април веќе бевме во Ловчанската корија. Тука ги затекнавме дедо Илија Крчовалијата и Хр. Танушев со четите. Веста за Гоцевата смрт се прошири како молња и во последните колиби на Серскиот округ.

– Што се случи со Гоце? – беше првиот збор на дедо Илија.

– Го оставивме под пепелиштата на Баница. – беше нашиот одговор.

Стариот арамија ја спушти главата, јадри солзи потекоа од неговите очи и цел половина час плачеше незапирливо како дете, без да прозбори.

А во Разлог, и машко и женско, и старо и младо ставило црна облека, зашто навистина по зборовите на Јаворов, беше осиромашен целиот Бугарски народ.

ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НА ГОЦЕ, 1927 г.



Слични Објави