Перев: Опозицијата не сака европска демократија во РСМ
„Дел од политичките структури во Северна Македонија, вклучително и лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, не сакаат земјата да влезе во ЕУ, бидејќи тоа значи демократија, нови идеи, нов пристап кон правосудниот систем, кон безбедносниот систем, армијата и грижата за социјално ранливите категории.
Тоа е нешто што ќе ги ослаби пројугословенските, просрпските и проруските партии во политиката и тие ќе бидат исфрлени од политичките струи.
Единствена гаранција за една влада што не ја сака мнозинството народ да остане на своите позиции е земјата да остане надвор од нормите на ЕУ“.
Вака публицистот Владимир Перев во интервју за БНР-Пловдив ја коментира неуспешната расправа за вклучувањето на Бугарите и на неколку други етнички групи во Уставот на Република Северна Македонија.
Тој, исто така, додаде дека, останувајќи поблиску до Белград, и Северна Македонија останува блиску до Москва.
Потенцира и дека со евроинтеграциите треба да се започне со борбата против корупцијата, чии размери, според неговите зборови, се огромни во земјава.
„Таа е од најниските нивоа – од портирот до премиерот треба да се даде за да се добие основен документ. Американската амбасадорка во своја изјава рече: Ако ние ви дадовме пари за да извршите реформа во правосудниот систем, а сега е полошо од пред 10 години, што направивте со овие пари.
Повеќето од половина од раководството на ВМРО – ДПМНЕ имаат бугарски пасоши и имаат потпишано документи дека се етнички Бугари и ја водат најбруталната антибугарска кампања во последните 100 години“, рече Перев.
Според него, сега погледите се насочени кон Софија и задача на Министерството за надворешни работи на Бугарија е да им ја претстави на европските институции суштината на проблемот.
Перев го заврши разговорот со оптимистички став – рече „Бугарите ќе влезат во уставот на Северна Македонија и дека земјата ќе тргне на патот кон Европа“.

