Пожарот кај Негрево, Пехчевско повторно активен, градоначалникот повикува да ги расчистат жителите улиците од возила
Пожарот над пехчевското село село Негрево, повторно се разгоре од силниот ветар. Таму вчера попладне гореше борова шума, а денеска повторно се јавија пламените.
Пожарот е многу блиску и до пехчевските куќи. Градоначалникот повикува сите кои можат да се вклучат во гасењето на огнената стихија.
Тој повикува до жителите да расчистат неколку улици од возила, за полесно да можат да поминуваат противпожарните возила.

