| |

ВЛАДА НА РМ : ЗНАЧАЈНА Е ПОДДРШКАТА ОД СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Значајна е поддршката на борците за вредностите на референдумот, е пораката од средбата на премиерот Зоран Заев со делегацијата на Сојузот на борците на Македонија, на која борците изразија благодарност за решението со кое на ГО на Сојузот на Борците на Македонија им е обезбеден простор во Домот на АРМ за извршување на админстративните и програмските активности на организацијата.

На средбата, премиерот Заев истакна дека ќе ги разгледаат и ќе изнајдат можности за решавање на блокираната сметка на СБМ за да може сојузот да го реактивира редовното работење, како и програмските активности по повод 70 години од основањето на организацијата на борците и 75 годишнината од одржувањето на АСНОМ кое ќе се одблежи со низа активности во текот на идната година.

Делегацијата на Сојузот на Борците на средбата го поздрави договорот со Република Грција, а претседателот на Градскиот одбор на СБМ Стаматовски го покани премиерот Заев да учествува на дебата на која ќе бидат презентирани придобивките од договорот пред членовите на СБМ од повеќе општински организации кои ќе бидат поканети на овој настан.



Слични Објави