ГАЛЕРИЈА: Започна Основачкото собрание на Граѓанско Демократската Унија
Започна Основачкото собрание на Граѓанско Демократската Унија. Се очекува денеска да бидат усвоени Статутот и Програмата на партијата. Ќе биде избран и претседателот на новиот политички субјект. Во хотелот Мериот, каде што се одржува настанот се присутни огромен број основачи, гости од Европскиот парламент, членови на парламенти на држави пријатели на Македонија, претставници на дипломатскиот кор и поддржувачи на новиот политички субјект.












