КАКО ДА ГО ЗАПРЕТЕ ВНАТЕРШНИОТ ЧАСОВНИК?
Сите процеси во материјалниот свет се предмет на времето. Сè што досега се појавило, поминува низ фазите на создавање и исчезнување, растворање во незапирливиот проток на времето. Во стиховите од индиската „Бхагавад-гита” се вели дека човечкото суштество доаѓа на физичкиот свет во форма на неманифестирана реалноста, живее некое време, а по смртта се враќа во истата неманифестирана состојба.
Помеѓу раѓањето и смртта човекот живее под „камшикот“ на време, и овој процес никако не може да се запре. Луѓето масовно несвесно прават неразумни постапки, трошејќи го својот единствен „временски капитал“ во потрага по нови задоволства. Ваквите активности малку што можат да и донесат на душата, освен загубено здравје. Единствената важна „работа“ за човекот, според повеќето религии е желбата да се исполни сопствената божествена мисија за временскиот период на животот.
Од древни времиња мудреците научиле дека духовна слобода може да се стекне само со победување на факторот на времето. Времето не е само надворешна сила која ги контролира сите светски процеси, туку е и внатрешна категорија која ја насочува менталната активност, која пак влијае на физиологијата на телото. Додека се движи внатрешното време процесите на стареење не можат да се запрат. Ако некој некогаш научи да го успори времето, тоа ќе биде неверојатно моќна алатка во борбата со оваа сила, односно алатка за борба против болестите и износувањето на телото.
Во денешницата, кај многу луѓе психата е во постојан стрес, односно е во угнетена депресивна состојба. За да се справите со овој проблем и да се опуштете ќе ви помогнат разни духовни практики. Целосно опуштате го телото и испратете го умот „кон внатре“ каде треба да побарате од потсвеста да ви покаже мирно и спокојно место. Веднаш штом ќе се појави ова чувството на мир, штом се најде оваа „територија”, потребно е ментално да се нурнете во неа и да го расширите чувството на свежина, чистота низ целото телото, особено на местата каде што има недостатоци. Ако органите биле полни со масти, постепено ќе забележите дека таа исчезнува и тн.
Ако редовно се занимавате со овие практики, може да постигнете сериозно задравување на телото. Постепено ќе развиете свест која ќе научи да го контролирате времето со помош на силата на мислата.
