ВЛИЈАНИЕТО НА МАСАЖАТА ВРЗ ОРГАНИЗМОТ
Масажните процедури имаат комплексен ефект врз човековото тело. Ќе биде правилно да се разговара за пријатни чувства и полза од масажата во случај кога салонот за масажа и специјалистот се правилно одбрани. Тогаш после процедурата по правило општата состојба на телото се подобрува, тонот на организмот се зголемува, а расположението станува подобро.
Кон изборот на масер треба да се пристапи со посебно внимание и одговорност. Факт е дека од несоодветна масажа може да дојде до влошување на благосостојбата и па дури и до здравствени проблеми. Најнеопасни последици од непрофесионална масажа се: болка, слабост и намален имунитет. Колку е послаб организмот, толку посериозен е ефектот на масажата, и затоа старите и децата треба да се третираат многу сериозно.
Првично, масажата влијае на кожата и затоа по масажата кожата изгледа подобро – тонот се подобарува, а еластичноста се зголемува. Масажата ја подобрува работата на лојните и поните жлезди, како и го регулира нервниот систем со кој кожата е директно поврзана. Размената на лимфата и снабдувањато со крв на кожата се зголемува, поради ова дури и сувата и мрсна кожа по неколку сеанси на масажа може да стане поеластична и поздрава.
Денес масажата е популарна и во борбата со тежината. Ефективноста на ваквиот вид третман не е спорна. За време на масажата подкожното масно ткиво омекнува и се намалува неговата дебелина. За да го направите ефектот позабележителен неопходно е да ја комбинирате со вежбање и исхрана и тоа редовно, за ова потребни ви се најмалку 15 процедури.
Современата медицина ви овозможува да се спасите од болките во зглобовите и мускулите, повторно, со помош на масажа. Процедурите помагаат во борбата против мускулната дистрофија, го зголемуваат вкупниот мускулен тонус и неговата ефикасност. За време на масажата, циркулацијата на крвта во зглобовите се подобрува, лигаментозниот апарат се зајакнува.
Ако немате сериозни проблеми, а ви треба да се опуштите, на пример, после напорен работен ден, можете да купите маски за тело за домашна употреба. На површината на кожата се наоѓаат нервни завршетоци кои при изведување на процедурата се опуштаат, односно на овој начин се регулира работата на нервниот систем во целост. Стресот се отстранува, спиењето се нормализира, слабите болни сензации исчезнуваат. При извршување на релаксирачка масажа, исклучително е важно да се создаде соодветна атмосфера, односно да се затемни просторијата и да се вклучи тивка музика.

