| |

ПОЛИТИЧАРИ ОД БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО ЈА ОДБЕЛЕЖАА 94-ТАТА ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ

Вчера во околината на селото Сугарево (Мелник) Бугарија се одржа панихида за Тодор Александров, по повод 94-тата годишнина од неговата смрт. На свечениот настан организиран од домаќинот, бугарската партија ВМРО, присуствуваа делегации на македонската политичка партија Граѓанско демократска унија (ГДУ), заедно со претседателот на партијата Петар Колев, членови на политичкиот тинк-тенк институт Conservative.mk, активисти на Институт „Христо Узунов“ членови на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од заменик-генералниот секретар на партијата Петар Богојески и членот на ИК, Костадин Богданов, а исто така и членови на партискиот огранок на најголемата бугарска партија ГЕРБ, од градот Сандански.

 

Пред присутните гости се обратија заменик-премиерот одговорен за безбедноста и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов, и европратениците Ангел Џамбаски (од редовите на Европските конзервативци и реформатори) и Андреј Ковачев (од редовите на Европската народна партија).

Во своите обраќања Каракачанов, Џамбаски и Ковачев ставија акцент на стратешкиот интерес на Република Бугарија, Македонија што побрзо да стане дел од структурите на НАТО и Европската Унија. Според говорниците од суштинска важност Македонија да се интегрира во евро-атлантските структури за да се намали руско-српското влијание во земјта. Тројцата функционери беа децидни дека иднината на Македонија и Бугарија треба да биде заедничка во нов Балкан без граници со повеќе можности за бизнис контакти и економски развој.

Слични Објави