НИКОЛА ГРУЕВСКИ: ЈАС СУМ ЖРТВА НА ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН
Никола Груевски за време на својата прес-конференција изјави дека тој и неговите адвокати нема да присуствуваат на рочиштата на Апелациониот суд за предметот Тенк, бидејќи како што тој самиот истакна тие одбиваат да бидат декор на веќе однапред донесени политички мотивирани пресуди. Поранешниот премиер е дециден дека во сите предмети во кои е замешано неговото име се работи за политички мотивирани случаи за кои одлуката нема да биде донесена од судиите туку од некоја многу повисока инстанца. Груевски повторно истакна дека сето тоа што му се случува во моментот е поради фактот што упорно одбивал да ги исполни барањата на грците во однос на промената на уставното име на Р. Македонија. Поранешниот премиер дирекно напомена дека голем број судии се соочуваат со притисок да донесат пресуди кои ќе го елиминираат како опасност за сегашната власт. Груевски додаде дека и покрај сите обиди да биде дискредитиран, македонскиот народ знае да процени кој ветувал и ги исполнувал своите ветувања и подвлече дека сите напади против него го прават да изгледа поголем во очите на народот.
Извор: DW на македонски
