НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ПИЕТЕ ВОДА
Водата е неопходен елемент во човечкиот живот и нејзината главна компонента. Всушност, водата е околу 65% од човечкото тело и е присутна во сите телесни ткива: мускули (75% вода), крв (80% вода), маснотии (30% вода) или коски (22% вода). Со оглед на овие податоци, не е изненадувачки колку функции се извршуваат со помош на водата во телото.
Некои од главните функции се транспорт на хранливи материи, отстранување на отпадот, формирање на структурата на клетките и регулирање на температурата на телото. Затоа, се препорачува редовно да пиете вода и да го надополнувате телото, бидејќи тоа природно ја губи во текот на денот (низ пот, урина, дишење, плунка или измет). Покрај тоа, важно е да не го сторите тоа само кога сте жедни.
Жедта е симптом дека дехидрацијата веќе започнала, а телото мора да ги надополни резервите за да ја продолжи својата активност.
Многу е веќе кажано за тоа колку вода треба да се консумира на ден. Ова зависи од многу фактори: возраст, здравје и физичка активност. Покрај тоа, треба да се напомене дека храната и пијалоците што ги пиеме во текот на денот, исто така, содржат вода. Со оглед на ова, се смета дека внесувањето на течност од страна на возрасен човек треба да биде околу 3 литри дневно, вклучувајќи ја и храната.
Употребата на свежа вода за пиење дава многу предности за телото и ја прави неопходен елемент во нашата исхрана. Главно е да не заборавиме да пиеме вода во текот на денот и да не ја заменуваме со сокови, чаеви или кафе.
Значи, кои се предностите на редовното консумирање на вода:
Водата помага во регулација на телесната тежина. Таа е идеален пијалок за губење на тежината, бидејќи не содржи калории, масти, јагленхидрати или шеќер. Покрај тоа, со редовно конзумирање на вода апетитот се намалува и чувството на ситост се зголемува, а тоа, пак, помага во работата на метаболизмот.
Водата помага во процесот на варење. Таа ја зголемува метаболичката активност, помагајќи на храната што ја конзумираме правилно да се усвојува. Свежата вода ги спречува проблемите со запек.
Минералната вода го намалува ризикот од проблеми со срцето и ризикот од рак. Различни истражувања покажаа дека козумирањето минерална вода помага да се спречат овие проблеми, односно ја намалува веројатноста за нивно појавување.
Спречува главоболка. Дехидрацијата е една од главните причини за главоболка и мигрена.
Ја зголемува енергијата и го подобрува расположението. Водата му помага на нашето тело правилно да функционира. Таа позитивно влијае на нашето расположение и концентрација.
Ја навлажнува кожата. Водата е клучен елемент за одржување на здравјето и еластичноста на кожата. Задоволителното количество вода во организмот ги прави здрави не само кожата, туку и ноктите.
Ја подобрува физичката форма. Водата служи како гориво за мускулите, да напоменеме дека е важно да се пие вода пред и по физичката активност.
Ублажува замор. Водата ги отстранува непотребните токсини од телото. Покрај тоа, недостатокот на течност во телото прави срцето да работи потешко и дополнително создава замор.
Се надеваме дека горенаведените причини се доволни за редовно да пиете свежа вода.