ТУКА СМЕ И ЌЕ ВЕ МЕНУВАМЕ!!!
Денес, светското население брои над 7 милијарди луѓе. Повеќе од една милијарда луѓе, или приближно 15% од нив , живеат со некаква форма на попреченост. Речиси 80% проценти од овие луѓе живеат во земјите во развој. Прифаќањето и почитувањето на различностите е најважниот сегмент во комуникацијата со овие луѓе. Лицата со хендикеп се како вас. Ние сме луѓе со свои потреби, желби, цели и ПРАВА. Лицата со попреченост се луѓе со неотуѓиви права и со право на човечко достоинство Ваша должност како РЕЛЕВАНТНИ ПОЛИТИЧКИ ФАКТОРИ е да ги заштитите правата на лицата со хендикеп . Но, заштитата што ја пружате, иако добронамерна, не може и не смее да биде ограничувачка ниту пак од милосрдие . Не сакаме милосрдие . Не смеете да не затворите во златен кафез, да не изолирате од светот и да не спречите да ги оствариме нашите потенцијали. Сакале вие или не – тука сме и ќе ве менуваме!!! Ќе ве менуваме сите вас за да го смениме целото наше општество !!! Сите вие сте дел од моралната совест на Македонија!!! Затоа апелираме до пошироката јавност и до сите релевантни фактори во општеството за неопходноста од промена на ставот кон маргинализираните групи, прашајте како-ние ќе ви помогнеме . НИЕ ЌЕ ВИ ПОМОГНЕМЕ ВАМ за да ја подигнеме ЗАЕДНО свесноста за прифаќање на лицата со хеникеп како рамноправни членови на ова општеството, затоа што- без нас лицата со хендикеп , сите вие би биле сиромашни во духот, бидејќи преку НАС ви е дадена неповторливата можност да бидете човечни . Ако треба ќе ве научиме, заедно, ќе ја учиме моќта на заедништвото и почитувањето. И на крај сакам да се обратам до сите политички фактори ЗАБЛАГОДАРЕТЕ НИ СЕ ШТО ВЕ МОТИВИРАМЕ ДА ГИ СРУШИТЕ БАРИЕРИТЕ ВО ВАС ОКОЛУ НАС.
Автор: Бранкица Димитровска
