ВО ИМЕТО НА РЕФЕРЕНДУМОТ!
Toa е новата мантра со која сe` оправдува се, објаснува се` и тешко на оној кој ќе се дрзне да покаже и трошка сомнеж сега кога “вознесението на нацијата” е безмалку на дофат.
Тројството СДСМ, ДУИ и ДПМНЕ, седнати над нивната вечна партија “Монопол” љубопитно ја гледа понудата за четвртиот играч. Амдевци, Павлевци, Лилиња и Ќосиња, се чини дека понудата е непресушна.
Банката, која како некаков Левијатан е комбинирана од поранешни “сојузни функционери”, “здрави омладинци” и “демократски фундаменталисти”, добродушно го оправдува изборот. Па ова го имаат изведено еднаш и тоа успешно. Како што со леснотија ги отфрлија “социјализмот и братството ем единството” но ги задржаа “социјалистичките придобивки” сега треба да се збогуваат со FYROM, но да се задржи фиромството и уште поважно, придобивките од него.
Со карактеристичен “професионален елан” и едните и другите се решени да ми го “бранат идентитетот” пожртвувано и посветено “работат” во мој интерес!?
Разни “Камбовци и Маневци” решиле повторно да ме реформираат и бранат. Бдејат над мојата маленкост со нивната “горостасна грамотност,крепосни и премудри”.
Никогаш поканети, а секогаш “симпозиумски” настроени, ваквите и ним слични ликови мора да им се згазне на опашката.
Затоа, Големата Дама треба почне да зборува каква е стратегијата за расчистување со “фиромството” а не за мојот идентитет.
Моторџијата да се симне од моторот и да пооди малку пешки. “Бојкотирам” сепак оставаат почесен впечаток отколку неговата публика која френетечно му аплаудира.
Првиот полицаец можеби конечно треба да задржи некој осомничен во рамките на границиве – освен ако не очекува постојано да му ги испорачуваат на аеродром?
Времето е кратко. Веројатно недостасува капацитет, волја,желба, сеедно, но, нашиве “вечни стечајни управници” оф-шор партнери, повторно се обидуваат да ни ја продадат истата приказна – ние плебсот ја имаме моќта, ние плебсот ќе решиме.
Па да решиме,а ?!
Автор: Ѓорѓи Трендафилов, претседавач со Националниот комитет на Граѓанско демократска унија (ГДУ)

