| |

Архиерејска света литургија по повод роденденот на патријархот Неофит Бугарски

Архиерејска света литургија ќе се служи во соборниот храм „Св. Недела“ во Софија по повод роденденот на бугарскиот патријарх и митрополит Софиски Неофит.

Неговата Светост е роден во Софија на 15 октомври 1945 година со световно име Симеон Димитров. Дипломирал на Софиската духовна семинарија. Замонашен е во 1975 година во Тројанскиот манастир со името Неофит.

Во 1985 година станал епископ, а во 1994 година е избран за митрополит Червенско-доростолски.

На 24 февруари 2013 година на Патријаршискиот црковен собор е избран за патријарх на Бугарската православна црква со 90 гласа наспроти 47 за митрополитот Гавриил Ловчански. Претседателот Росен Плевнелиев во 2015 година го одликува со орден „Стара Планина“ прва степен за неговиот исклучителен придонес за Бугарија.

Слични Објави