| |

ПЕТАР КОЛЕВ: СО ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ КОМПРОМИС НЕМА!

Претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев, на својата facebook страна напиша:

„За жал во нашата земја многу често се мешаат две вредности кои се користат за оправдување на апсолутни неправилности. Не секогаш тоа што е законски е и морално и обратно, она што е морално е и законски. Во политиката сметам дека нема место за лавирање, постапките на политичарите освен законски би требало да одговараат и на моралот. И ќе дадам пример со министерката во Шведска која си поднесе оставка бидејки беше на коктел, испи чаша вино и седна зад воланот. Полицијата ја провери и констатира 0.2 промили алкохол. Согласно законот во Шведска до 0.2 промили е дозволено, значи е законски, но министерката си поднесе оставка бидејки не е морално.
Каков пример на општеството дава министер кој вози под дејство на алкохол?
Тоа се европските вредности, со тоа компромис нема!“

Слични Објави