| |

Започнува изградбата на 7-ми блок на Нуклеарната електроцентрала „Козлодуј“ во Бугарија

Започнува изградбата на 7-ми блок во Нуклеарната централа „Козлодуј“. Ова денеска го најави бугарскиот премиер академик Николај Денков. Плановите се новиот капацитет да биде готов до 2033 година, јавува БНР.

Бугарската влада денеска донесе одлука и за изградба на 8-ми блок на бугарската нуклеарна централа.

Одлуката на Владата за изградба на блок 7 на нуклеарната централа Козлодуј доаѓа по потпишаниот меморандум пред само една недела меѓу американската компанија Вестингхаус и неколку бугарски компании.

Денков објасни дека се обезбедени и средства:

„Компанијата која ќе биде одговорна за оваа реализација ќе се капитализира со дополнителни 500 милиони лева и ќе започне преговори со компаниите кои треба да го градат 7-миот блок. Очекуваниот рок е 2033 година.

Со денешната владина одлука започнуваат подготовките за изградба на 8-ми блок во нуклеарката, додаде премиерот:

„Бидејќи планот е двата да одат паралелно како градба и во рок од 2 до 3 години ќе бидат готови двата блока потребни за енергетскиот систем. Нивниот вкупен капацитет е 2300 мегавати, со што значително го надминуваат капацитетот од 1760 мегавати на затворените блокови 1 до 4 на АЕЦ Козлодуј.

Денков најави дека избраната технологија на двата проектни блока е единствена и овозможува краткорочна промена на капацитетите на реакторот, што е важно за енергетскиот систем, и нагласи:

„Ова е една од најважните одлуки што ќе ги донесеме за време на нашиот мандат.



Слични Објави