| |

ГРЧЕЦ ТРИ ДЕНА БЕЗ СТРУЈА- ОД ЕВН ВЕЛАТ ДЕКА ВИНОВНИ СЕ ЛУЃЕТО ПРИКЛУЧЕНИ НЕЛЕГАЛНО

Три дена селото Грчец е без струја. Порталот „Алмакос“ објави видео на кое што се гледаат жители на селото и припадници на полицијата.

Од ЕВН тврдат дека проблемот е во жителите коишто не дозволуваат да се реконструира електроснабдувањето во селото затоа што дел од нив се приклучени нелегално.

„Екипите на Електродистрибуција излегуваат на терен кога е безбедно за работење и кога не се попречувани. Но, веднаш по отстранувањето на дефектот останува старата болка, оние што нелегално ја користат електричната енергија и не дозволуваат да се реконструира, создаваат големи товари и повторно се јавуваат дефекти. Овој пат дефектот е од потежок карактер, веќе не е на нисконапонска мрежа туку на среден напон, што потешко и подолго се решава“ – соопштија од ЕВН.

Слични Објави