МУШТЕРИЈА СОВЛАДАЛ РАЗБОЈНИК КОЈ ОГРАБУВАЛ ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР
Јавното обвинителство поднесе обвинение против скопјанец кој со пиштол извршил разбојништво во Скопје. Во обвинението пишува дека тој пред два дена со вперен пиштол им се заканил на две лица вработени во маркет на улицата „Цветан Димов“ во скопски Чаир. На вработените им наредил да се тргнат од касата, посегнал преку пултот и од фиока зел 5.000 денари. Токму кога ги земал парите во маркетот влегол муштерија кој му се нафрлил на разбојникот, по што тој бил совладан од присутните, а му било одземено оружјето. ОЈО до судија на претходна постапка поднесе барање на разбојникот да му одреди притвор.

