Министерката за култура: Цензура нема да има, нека творат слободно, но да го расположат народот, не да се враќаат назад

/

Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро“. На овој начин одговори министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во прилогот на Гласот на Америка, за тоа дали според билатералниот протокол со Бугарија ќе има цензура на творештвото, односно уметниците, писателите, режисерите.

Дилемите во македонската јавност во врска со тоа што, според Протоколот, е говор на омраза и кој ќе го утврдува тоа се големи. Според член 16 од Уставот цензурата е забранета, а слободата на говорот е загарантирана.

Во Протоколот, кој е записник од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, во третата точка се вели дека во врска со спречување на говорот на омраза, двете држави, меѓу другото се обврзуваат и на следново:

„Двете држави да гарантираат дека државното финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција, како и на споменици на културата и прослави, ќе се реализира во духот на Договорот за пријателство,
добрососедство и соработка, и во овој контекст, секој субјект финансиран од државата ќе потврди преку јасна и обврзувачка изјава дека ќе го следи со неопходното внимание прашањето за неприфаќање на сите форми на говор на омраза и непочитувањето на оваа должност ќе претставува основа за прекин на понатамошното државно финансирање на ваквиот субјект“.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Во Сенатот на САД претставен нацрт закон за Западен Балкан за борба против корупција

Следна статија

Песков: Франција е непријателска земја за Русија

Најново од Вести