|

ИДЕНТИТЕТОТ НЕ Е ЛИСТ ХАРТИЈА

Идентитетот драги мои пријатели (и недраги секташи, кои се уште ме немате избришано од вашите контакт листи) не е лист хартија за некој да ти стави печат на него или да ти го укине. Идентитетот е лично чувство. Секој е слободен да верува и да се чувствува како што самиот сака и тука нема компромис. Токму поради таа причина јас како татар (поранешен антички Македонец и сегашен австриски) сакам да ви кажам нешто:
Македонија е тоа што треба да се зачува. Македонија е нештото што не поврзува сите нас. Таа е состојба на духот без разлика од каде си, за каде си, кој си и каков си. Еднаш ако се заљубиш во неа, таа е љубов е како неизлечива болест. Како настинка што ја влечеш не пола како во песната на Студени нозе, туку цел живот. Македонија е тоа што ги натерало едни млади луѓе да ги кажат зборовите: „Отидов мајко во комити!!!“. Македонија е секојдневна саможртва. Ја чувствуваш на кожата кога ќе слушнеш како Цвета мома им однела леб на погоре спомнатите комити. Македонија е поубава и од најубавата жена… Македонија не е парче земја и нема потреба од имотен лист. Македонија ќе постои, а тие што и предвидуваат вартоломееви ноќи накрајот ќе си ги посипат празните глави со пепел. Македонија… најубавата песна напишана со сите бои од палетата на Бог.

Автор: Батко Тане

Слични Објави