| |

Претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков доаѓа во работна посета на Република Северна Македонија

Претседателот на бугарското Народното собрание, Росен Желјазков, на 14 ноември ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија, соопшти прес-центарот на Собранието. Посетата се одржува по покана на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, јавува БТА.

Во програмата на посетата е предвидено во 09:00 часот претседателот на Народното собрание Росен Желјазков да ја посети црквата Св. Спас“ и да положи венец пред саркофагот на Гоце Делчев. Потоа, Росен Желјазков ќе присуствува на настан во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, каде ќе бидат поделени ваучери за интернет обука на деца со специјални образовни потребности, нивните родители и наставници.

Во 11:30 часот, претседателот на Народното собрание Росен Желјазков ќе разговара со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери. По средбата, претседателите на парламентите на Бугарија и на Република Северна Македонија ќе дадат изјави пред претставниците на медиумите.

Претседателите на законодавните институции на Бугарија и на Република Северна Македонија ќе присуствуваат на отворањето на изложбата „Сребрена Тракија“ во 13:00 часот во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија во Скопје. Изложбата е организирана од Националниот археолошки институт со музеј при БАН и на неа се претставени 1.700 експонати од 18 бугарски национални, регионални и општински музеи.



Слични Објави