|

Одбележуваме 113 години од убиството на познатиот учител и револуционер на ВМОРО Бано Кушев

На 14-ти ноември 1910 г. во родниот град подло е убиен видниот учител и револуционер на ВМОРО БАНО МИХАЈЛОВ КУШЕВ. Роден е во Велес, 1863 г. Во 1886 г. ја завршува Бугарската гимназија во Солун. Учителствува во Сер, Солун, Воден, Тетово, Дедеагач и на други места. Во 1893/1894 г. го заменува директорот на Бугарските училишта во Велес. Иван Крајничанец предавал во Велес при директорството на Кушев, го нарекува „добар управител и добар другар на учителите“. Во 1897/1898 г. предава во Одрин. За време на апсењата што следеле после Солунските атентати, Кушев, во това време главен учител во Велес, е уапсен и однесен во Скопје. После крајот на учебната 1906-1907 г. поради сомнежите на власта за неговото учество во револуционерното движење е отпуштен како учител во Скопското женско училиште. Покасно станва училишен инспектор. Б. Кушев влегува во ВМОРО и станва нејзин легален деец во Велес. По Младотурската револуција во 1908 г. е учител во родниот град. Станва деец на Сојузот на Бугарските конституциони клубове и е избран за делегат на неговиот основачки конгрес. На вториот конгрес на организацијата е избран за член на ревизионата комисија на Сојузот. Тој се спротивставува на режимот на младотурците и е убиен од Турци за време на обезоружителната акција.

“Едно от најубавите и најплодородни места во Османската Империја е Меглен. Го видов тоа место, не се нарадвав на тие убавини, проживеав три од највпечатливите денови во мојот живот во тој убав Меглен. До кога уште се живи впечатоците за тоа благословено место, имам желба да ги разделам со љубезната читачка публика. Не мислам моето перо да го предаде оној впечаток, кој може да се добие со видување. Треба окото да види, за да може човек да разбере што за убавина представува Меглен.

Селото Почеп е чифлик и се состои од 26 Бугарски куќи, кои што ја признават уште од пред 18 години за свое духовно начелство Св. Екзархија. Селскиот свештеник бил ракоположен во она време од покојниот преосвештени Дамаскин, велешки Бугарски владика.

Меглен брои до 55 села, поголемиот дел од населението е турско, а останатото христијанско, Бугарско. Само мал дел од населението ја признава Патриаршијата, поголемиот дел е под областа на Св. Екзархија. Во своите цркви екзархиските Бугари читат на Словенски, а по училиштата учат по Бугарски. Многу години до сега во 10-12 од мегленските села има Бугарски училишта.

По патот од с. Почеп за во с. Соботско, сретнавме еден овчар, кој го тераше стадото на паша и свиреше со шупелка, придружена со следната песна:

Пијан идех од града,

Велико мори Бугарко!

Пијан идех од града,

Ѓузел мори Бугарко!

Сретух моме в’ливада,

Велико мори Бугарко!

Сретух моме в’ливада,

Ѓузел мори Бугарко!

На коњ трева береше,

Велико мори Бугарко!

На коњ трева береше,

Ѓузел мори Бугарко!”

ТРИ ДНИ ВО МЕГЛЕН, Бано Кушев, 1891 г.

Слични Објави