Најверојатно утре ќе се случи вториот обид за гласање недоверба на бугарската Влада
Второто гласање недоверба против владата „Денков-Габриел“ во бугарскиот парламент, веројатно ќе се случи утре поради недостатокот на кворум во денешниот ден, јавува БГНЕС.
Во првото гласање учествува 127 пратеници, број кој е недоволен за изгласување недоверба на владата. Пратениците на ГЕРБ-СДС и ДПС не учествуваа во гласањето.
Беше објавена пауза за достигнување на потребниот кворум, но тоа не се случи. При повторното гласање се регистрираа само 64 пратеници. Се објави уште една пауза по која во салата се регистрираа само 63 пратеници. Поради недостаток на кворум претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков ја затвори седницата.

