| |

(Видео) Билјана Ангелова: Дојдете сите заедно да им помогнеме на децата без родители на Добротворниот дипломатски базар

Сопругата на амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија, Билјана Ангелова, преку видео порака на својот Фејсбук профил упати покана до сите кои што сакаат да учествуваат на дипломатскиот добротворен базар. Настанот ќе се одржи на 2 декември во сабота, во хотелот Мериот во Скопје, со почеток од 11 часот и ќе трае до 16 часот.


Како што јавува Ангелова за да учествувате во лотаријата треба да си закупите вредносна картица со цена од 200 денари.
,, Им благодарам на организаторите, Добредојде Macedonia, Welcome center и делегација на ЕУ во Скопје, со почесен претседател на базарот Дејвид Гир, за можноста и ние да се уклучиме во таа добра иницијатива.


Бенифициенти на иницијативата се деца и возрасни без родители и со специјални потреби, станува јасно од видеото на Ангелова.


,, До сабота има само уште седум дена и секој што сака да стане дел од нашата мисија и да донира свој производ, со етикета и цена, може да ме побара, ” вели Ангелова во својата порака на Фејсбук.

Слични Објави