| |

Европската народна партија ја осуди одлуката на РСМ да не му дозволи влез на д-р Андреј Ковачев на нејзина територија

Претседателот на Европската народна партија (ЕНП) Манфред Вебер преку твит во социјалната мрежа Твитер ja изрази позицијата на неговата партија во однос на забраната за влез на потпретседателот на партијата и бугарски европратеник д-р Андреј Ковачев на територијата на Република Северна Македонија.

На Ковачев и на организаторот на панихидата што се одржа на 6 мај на бугарските воени гробишта во Ново Село д-р Милен Врабевски им беше откажан влез во државата.

„Цврсто го осудуваме одбивањето за влез на европратеникот Андреј Ковачев, на 6-ти мај во Северна Македонија. Тоа е без преседан и едноставно е неприфатливо. Ја повикуваме владата на Северна Македонија итно да ја разјасни ситуацијата, попладнево ќе го покренеме прашањето и на пленарна седница“, напиша на Твитер, првиот човек на Европската народна партија Манфред Вебер.

Потсетуваме дека д-р Андреј Ковачев е редовен гостин на одбележувањата по повод 6 мај- Денот на храброста и на бугарската армија, што се одржуваат бугарските воени гробишта во Ново Село, струмичко. Годинава нему и на организаторот на настанот д-р Милен Врабевски не им беше дозволен влез на територијата на РС Македонија, без според зборовите на самиот Ковачев да биде истакната конкретна причина.

Бугарските воени гробишта во Ново Село, струмичко, се едни од 471 познати воени гробишта на бугарски војници во РС Македонија, а се реновирани во 2006 г. со финансиската помош на д-р Милен Врабевски и неговата Фондација „Бугарска памет“.

Слични Објави