КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР „ИВАН МИХАЈЛОВ“ ОД БИТОЛА ВО СМИЛЕВО ЈА ОДБЕЛЕЖА 116-ТАТА ГОДИШНИНА ОД ИЛИНДЕНСКО-ПРЕОБРАЖЕНСКОТО ВОСТАНИЕ

//

Културен центар „Иван Михајлов“ Битола годинава беше организатор на одбележувањето на 116-тата годишнина од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание. Настанот се одржа 20 јули во Смилево, пред споменикот на големиот македонски револуционер Дамјан Груев.

Специјални гости на одбележувањето беа амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија Н.Е. Ангел Ангелов, генералниот конзул Димитар Иванов, пратениците од бугарскиот парламент, од редовите на ВМРО, Александар Сиди, Красимир Богданов, претседателот на МБП-Скопје Столе Велков, претседателката на МБП-Битола, Маринела Петревска и потомци на револуционери меѓу кои внуката на полковник Борис Дрангов, г-ѓа Рајна Дрангова.

Во својот говор организаторот на одбележувањето, претседателот на Културен центар „Иван Михајлов“ Битола, Љупчо Ѓорѓиевски истакна дека должност на денешните генерации е да ја продолжат борбата на Илинденците и да се поклонат пред нивниот огромен подвиг.

Амбасадорот на Република Бугарија, г-н Ангелов ја истакна важноста на заедничкото минато на двете земји и подвлече дека тоа е прекрасен темел за заедничка иднина во евроатлантските структури.

Пратениците во бугарскиот парламент Сиди и Богданов, во своите говори ја подвлекоа силината на подвигот на Илинденци и го определија Илинденско-Преображенското востание како најхеројскиот чин на револуционерното дело во Македонија и Одринско. Пратеникот Сиди прочита и поздравен говор од името на министерот за одбрана и потпретседател на Р. Бугарија, Красимир Каракачанов.



Свое свечено обраќање имаше и претседателот на здружението Македонско Бугарско пријателство-Скопје, Столе Велков, кој ја подвлече важноста од зајакнувањето на врските меѓу Македонија и Бугарија во сите сфери на јавниот живот.

Официјалната свеченост беше отворена со интонирање на химните на ВМРО „Изгрей зора на свободата”, и државните химни на Македонија и Бугарија.

Претходна статија

АВМУ БАРА ИНФОРМАЦИИ КАКВА Е СОСТОЈБАТА ВО 1ТВ

Следна статија

ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВЕЧЕРВА ЌЕ ГЛАСА ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА НА МИЦОТАКИС

Најново од Вести