| | |

(Видео) „Насилството раѓа насилство“ настан во рамките на кампањата „Стоп за семејното насилство“ на Билјана Ангелова, сопруга на бугарскиот амбасадор во РС Македонија

Настан под наслов ,, Насилството денес раѓа насилство утре” се одржа вчера во lounge барот ,,Oda” во склоп на кампањата ,,Стоп за семејното насилство” иницирана од Билјана Ангелова сопруга на амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија. На настанот зедоа учество гешталт психологот Тиана Ивановска, Имране Морина, Томка Дилевска претседателка на Организацијата на жени на Град Скопје , универзитетската професорка Аjтен Хајдари Ќамили и сопругата на градоначалникот на Општина Шуто Оризари Фатима Османовска.


,, Благодарам на гешталт психологот од ,, Себе сложувалка” г-ѓа Тиана Ивановска која веднаш ја прифати поканата да зборува на оваа преважна тема и со многу јасна презентација да им покаже на присутните за тоа какви се погубните последици врз децата жртви и сведоци на насилство”, напиша Ангелова на социјалната мрежа Facebook.

Таа им се заблагодари на сите присутни и потсети дека за една недела од денеска на 12.12 во 12 часот во Скопје и во повеќе градови во Македонија, сите заедно ќе му кажеме стоп на домашното насилство.


,,Им благодарам за одвоеното време на секоја една од присутните дами, посебно на сопругата на градоначалникот на Општина Шуто Оризари, на г-ѓа Томка , жената што ја создаде организацијата на жени на Град Скопје и се разбира на г-ѓа Имране Морина, без која овој настан немаше да биде возможен. Истиот се организира во склоп на мојата кампања ,,Стоп на семејното насилство ” во соработка со Apra porter novelli Makedonija“, пишува Ангелова.

Порано вчера преку видео-обраќање Билјана Ангелова ги повика сите што сакаат да земат учество во нејзината иницијатива „Стоп за семејното насилство! Жртвите не се виновни!“ да го направат тоа на 12 декември во 12 часот на плоштадот во Скопје и во уште неколку градови во РС Македонија. Во своето обраќање Ангелова го изрази и своето сочувство кон семејството, пријателите и македонската јавност по трагичната смрт на 14 годишната девојка Вања Ѓорчевска.



Слични Објави