| |

ПРОТУЃЕР НА ЈАНАКИЕСКИ: ДАЈ МУ НА КИРЕ ПОДАТОЦИ ЗА ЦИГАНИ, МИГАНИ- КУПЕНИ СЕ ВИШЕ ПОЛА

Во Кривичниот суд оддекнуваат „бомби”, предложени како доказ за случајот „Титаник”, односно за изборните манипулации во 2011 или 2013 година, за што обвинето е претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со екс премиерот Никола Груевски.

Прислушуваните разговори кои денеска се слушаат се однесуваат на предвремените парламентарни избори, кои се оддржаа на 5 јуни 2011 година.

На пет дена до оддржувањето на изборите Мартин Протуѓер му се јавува на министерот Миле Јанакиески и му дава задача.

-Дај му на Кире податоци за цигани – мигани, денес мора да се заврши со исплата, купени се више пола. Му дадов рок на Кире до денес, му вели Протуѓер на Јанакиески.

Потоа во разговор меѓу Јанакиески и Кирил Божиновски се зборува за организирано носење на гласачи од Италија.

-Миле твоја ли е генијалнава идеја со шест автобуси да носиме гласачи од Италија?, го прашува Божиновски министерот Јанакиески.

Тој пак му се правда и вели: „Мартин ми рече”.

По ова Божиновски пресметува и вели дека на тој начин би дошле 300 гласачи по што ја прекинуваат комуникацијата.

Во предметот обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за фуинансирање изборна кампања во 2012 година.

Слични Објави